Проблеми за селекторот на Словенија, остана без уште еден од голманите

Репрезентацијата на Словенија ќе биде ослабена на утрешниот дуел против Македонија бидејќи во последен момент селекторот Врањеш остана без услугите на голманот Алјаж Пањтар кој беше позитивен на тестот на Ковид 19.

Последните ПЦР тестови направени вчера и брзите антигенски денеска покажаа негативни резултати кај другите. Пањтар беше единствениот што е позитивен и тој дефинитивно нема да може да биде дел од националниот тим во првиот круг од натпреварувањето.

Засега нема информации дали Врањеш ќе повика нов голман бидејќи уште еден голман беше позитивен на Ковид 19 пред заминувањето за Унгарија. Пред патот Словенија остана и без Урбан Лесјак, па сега ќе мора да се потпре на услугите на Урх Кастелиц и Јоже Базник.