Проблеми за Раул: ПСЖ без Карабатиќ против Вардар!

Освен тоа што резултатите на почетокот на сезоната не се според планот, тимот на ПСЖ и стратегот Раул Гонзалес се соочуваат со уште еден голем проблем.

Никола Карабатиќ ќе биде на пауза долго време, откако ги скина лигаментите на коленото на средбата со Иври.

„Врз Никола Карабатиќ беа извршени детални лекарски прегледи кои покажаа кинење на вкрстените лигаменти во коленото. Тој наскоро ќе замине на операција, а должината на паузата сигурно ќе изнесува неколку месеци“, објави фрацнускиот клуб.

Иако по мечот никој не мислеше дека повредаата е сериозна, сепак Карабатиќ ќе биде надвор од терените подолго време и ќе ги пропушти Ф4 во ЛШ на крајот од декември и СП во Египет, како и двете средби против Вардар од новата сезона во елитното натпреварување на 29 октомври и 10 декември.