Проблеми за ЕХФ: Екс ан Прованс бара одложување на првото коло, Валур ќе се откаже од Лига на Европа!

Европската ракометна федерација се соочува со многу проблеми пред стартот на новата сезона во клупските натпреварувања.

Откако беа доделени две службени победи на Кристијанштад и Азоти Пулави, кои требаше да се соочат со норвешките екипи Арендал и Хаслум, на повидок се нови откази од Лигата на Европа.

Исландскиот Валур, кој треба да игра со Холстебро, го има истиот проблем како Норвежаните – ако оди во Данска, по враќањето ќе мора две недели во карантин. Двата натпревари требаше да се одиграат на теренот на противникот во Данска, но Валур најверојатно ќе се откаже од учество.

Францускиот Екс ан Прованс, кој денеска објави дека има двајца позитивни членови на екипата што треба да бидат десет дена во изолација, упати официјално барање од ЕХФ да биде одложен првиот натпревар против шпанската Бидасоа, кој беше закажан за 29 август од првото коло во Лигата на Европа.

Каков ќе биде одговорот на ЕХФ, останува да видиме.

Службени победи во Лигата на Европа: Коронавирусот однесе два тима во второто коло!