Принудни замени – Лазаров повика двајца нови ракометари за Португалија

електорот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров мораше да направи две измени за двомечот со Португалија во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Откако кружниот напаѓач Жарко Пешевски и средниот бек Марио Танкоски поради повреда го откажаа настапот, стартегот на Македонија ги повика двајцата членови на Вардар, Михаел Аларов и Марко Мишевски.

Претходно и Филип Талески откажа настап поради приватни причини, а Павле Атанасијевиќ исто така ќе го прескокне овој двомеч. Дејан Манасков и Гоце Георгиевски не се најдоа ниту на поширокиот список.

Македонија и Португалија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 9 март, додека реваншот е во Матосињос на 12 март.