ПРИЛЕП 2023: Последен ден на турнирот „Миле Нешкоски“ – еве кој игра против кого

Денеска со четири натпревари ќе заврши осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Најпрво во 10:00 часот ќе играат тимовите на Пролет и Скопје за седмо место, додека од 12:00 часот е дуелот за петтото место меѓу финскиот Кокс и Струга.

Од 14:00 часот ќе биде дуелот за третото место меѓу домаќинот Прилеп и битолски Еурофарм Пелистер 2.

Големото финале меѓу Дубочица Лесковац, која ќе го брка третиот трофеј во Прилеп и Мулти Есенс ќе започне од 16:00 часот.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.