Прилеп убедлив против „залетаниот“ Вардар Неготино!

Ракометарите на Прилеп повторно дојдоа до победа на свој терен, откако во дуелот со Вардар Неготино триумфираа со 31:21 во натпревар од 4. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата.

За Прилеп денешната победа беше трет триумф во борбата за опстанок. Вардар Неготино по ремито со Радовиш и двете победа над Голден Арт и Скопје, токму од Прилеп го доживеа првиот пораз во борбата за опстанок.

Стартот на овој дуел беше единствено изедначен кога гостинскиот состав израмни на 1:1, сѐ друго мина во знакон на домаќините, кои во ниту еден момент не му дозволија на гостинот да има било каква надеж за евентуален камбек. Ракометарите на Прилеп уште од почетокот најавија дека атакуваат на победа, поведоа со 7:2, го диктираа темпото и го бранеа стекнатото водство.

Гостите на моменти доаѓаа до помала негатива, но никако не можеа да се вратат во игра. За разлика од гостинскиот табор, во кој немаше истканат лидер во првите 30 минути, кај домаќините разиграни беа Бикоски и Гавашелишвил. Двајцата ракометари во првото полувреме вкупно постигна девет гола.

Во последните десет минути домаќините водеа со четири до пет гола разлика, пред финишот ги имаа највисоките ,,плус шест” 14:8, додека на пауза заминаа со предност од 14:9.

На стартот на продолжението беше најавена победата на домаќинот, кој се одлепи на 20:11. Прилеп со одличната игра во одбраната и добрата реализација одржуваше контрола на стекнатото водство. Вардар Неготино не можеше да излези од кризата и веќе беше како ќе се одвиваат работите во последниот период од дуелот

Прилепчани знаеја како да ги казнат грешките на ривалот и како одминуваше времето ја зголемуваа предноста. Домаќинот во 50 минута зголеми на 27:15 и го водеше натпреварот до убедлив триумф.

Најефикасни во победничката екипа беа Христи Бикоски со седум и Мириами Гавашелишви со шест погодоци. Кај Вардар Неготино се истакнаа Драган Кузманов и Лазар Адамовиќ со по пет реализации.