ПРЕСВРТ: Драгана Цвијиќ останува во ЧСМ Букурешт!

Некогашната вардарка Драгана Цвијиќ, иако се поврзуваше со камбек во Будуќност заедно со Андреа Лекиќ, сепак нема да заигра во Подгорица следната сезона.

Српската репрезентативка го продолжи договорот со ЧСМ Букурешт и на лето ќе ја започне третата сезона во романскиот шампион.

Најпрво Кристина Неагу, а потоа и Јелена Грубишиќ и Елизабет Омореги ги продолжија договорите со ЧСМ, додека како прво засилување беше промовирана Сираба Дембеле Павловиќ.

Цвијиќ ќе биде третата најплатена ракометарка во романскиот првак со месечна плата од 10.700 евра. Најмногу заработува првата ѕвезда на тимот Кристина Неагу – 17.500 евра, додека втора на листата е Нора Мерк со 14.200 евра за еден месец.