Прележа корона, доби два позитивни теста и еден негативен – но не отпатува на Олимпијада

Капитенот на шпанската женска репрезентација, Кармен Мартин, не отпатува заедно со колешките на Олимпијадата во Токио.

Таа пред патувањето добила два позитивни теста, иако веќе го прележала коронавирусот.

Третиот тест е со негативен резултат, и докторите уверуваат дека таа не може да го пренесува, односно да ги зарази колешките.

Шпанската делегација отпатува без Мартин, а таа ќе чека уште еден негативен тест за да може да замине за Токио и дополнитело да му се приклучи на националниот тим.