Прележаа коронавирус, па после месец и пол се вратија на тренинзи

Под строги мерки за безбедност и максимална заштита ракометарите на Рајн Некар се вратија на тренинзи и работеа во теретана после месец и пол пауза.

После сите проблеми низ кои минаа бидејќи повеќето од играчите беа заболени од коронавирусот сите се чувствуваат добро и одново се во тренажен процес иако сега максимално се почитуваат препораките.

На тренинзире се оди во групи од пет ракометари, а сите користат ракавици, заштитни маски и средства за дезинфекција.