Прв турнир и прв напад на злато: Парондо игра финале со Египет

Тренерот кој го водеше Вардар до втората круна во Лигата на шампионите, Роберто Парондо утре од 16 часот ќе има можност за прв трофеј како селектор на Египет.

После перфектните игри во кои Египет успеа да обезбеди максимален број на победи до финалето на првенството на Африка, останува уште еден дуел против Тунис на кој ќе може да дојде до златниот медал. Веќе е јасно дека медал ќе има, но останува да се види дали ќе биде златен.

Парондо го водеше Египет до победа од 30:27 против Алжир на Калифа Гедбан, а тоа беше дуел во кој составот на Египет ја оправда улогата на фаворит.

Во второто полуфинале Тунис немаше никаков проблем за да ја совлада селекцијата на Ангола. Си обезбеди триумф од 39:23.

Ова ќе биде одличен дуел во финалето бидејќи двете најсилни селекции од Африка ќе имаат уште една пресметка.