Прв интернационален предизвик: Александар Стојаноски потпиша за Искра Бугојно!

Македонскиот чувар на мрежата Александар Стојаноски, кој минатите две сезони го носеше дресот на кавадаречки Тиквеш, ќе го има првиот интернационален предизвик.

Стојаноски потпиша договор со тимот од Босна и Херцеговина, Искра Бугојно и ова лето заминува во странство, иако имаше понуди и од неколку македонски суперлигаши.

Чуварот на мрежата го чуваше голот на Младост Богданци, како и на Зомимак Струмица, со која настапуваше и во регионалната СЕХА лига.

Бранеше за Охрид, Струга, Јуниор Кисела Вода, пред да се пресели во Кавадарци, каде имаше одлични партии.

Искра Бугојно пред два дена го промовираше хрватскиот бек Јосип Кежиќ, кој играше со Стојаноски своевремено во тимот на Охрид.

Тимот од Бугојно има зголемени амбиции за следната сезона и сака да се вмеша во борбата за врвот, откако минатата сезона ја заврши на 11 место во босанскиот шампионат.