Прво па машко: Парондо го водеше Египет до титулата на Африканскиот Куп на нации!

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, по заминувањето од Македонија стана селектор на Египет.

Шпанскиот стратег во првиот обид му донесе титула на Египет на Африканскиот Куп на нации, а исто така и директен пласман на Олимписките игри во Токио.

Во финалниот натпревар, Египет славеше над бранителот на титулата Тунис, со 27-23, откако и на полувреме имаше предност од 15-11.

Египет во следната година ќе биде домаќин на Светското првенство.