Прво, па машко: Миркуловски и Вецлар го грабнаа цел плен кај Кузмановски и Хановер

Македонската легенда Филип Миркуловски со победа дебитираше на клупата на Вецлар како прв тренер…

Вецлар славеше на гостувањето кај Хановер на Филип Кузмановски со 26-23, откако и на полувремето имаше плус четири, 14-10.

Миркуловски одлично го водеше Вецлар, а Кузмановски против тимот на некогашниот соиграч постигна два гола од три обиди.

Вецлар и Миркуловски следниот викенд ќе имаат голем предивик на гостување кај Кил, додека Хановер и Кузмановски гостуваат кај Хам.