Прво кадетско СП со 32 селекции – еве кои се можните ривали на Македонија на Мундијалот

Светското првенство за кадетки во 2022 година кое ќе се игра од 30 јули до 10 август ќе се одржи во Македонија.

Светската ракометна федерација првично сакаше овој турнир да се одржи во Грузија, но поради политичката ситуација во околината на оваа земја, Македонија го доби домаќинството. Ова Светско првенство ќе биде посебно затоа што за првпат на него ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат распределени во осум групи по четири репрезентации.

Пласман на турнирот веќе имаат обезбедено 20 репрезентации и се чекаат уште 12 селекции. Од Европа покрај Македонија пласирани се уште: Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Португалија, Романија, Словенија, Швајцарија, Шведска и Холандија. Свое место имаше обезбедено и Русија, но потоа дојде исфрлувањето од ИХФ поради инвазијата на оваа земја во Украина.

Алжир, Египет и Гвинеја се репрезентациите кои се пласираа од Африка, додека од Азија потврдено е учеството на Иран и Казахастан. Допрва треба да бидат одиграни квалификациите во Средна и Јужна Америка. Koга ќе биде комплетиран списокот на учесници, ќе бидат објавени и шеширите и датумот на ждрепката.

Натпреварите на турнирот ќе се играат „СЦ Борис Трајковски“ и „СЦ Јане Сандански“ (и малата сала).