Прволигашот Младост Богданци најде лек за празните трибини (ФОТО)

После новата одлука на Владата да се затворат училиштата и факултетите, а спортските натпревари да се играат пред празни трибини прволигашот Младост Богданци најде начин како да им овозможи на своите фанови да ги следат натпреварите.

Преку соопштение на социјалните мрежи беше дадена информација дека клубот преку свој канал на youtube ќе врши пренос од натпреварите, па истите ќе може да се следат и така да се види како Младост Богданци ќе стартува во плеј-оф битките.

Соопштението можете да го прочитате во продолжение.