Прволигашкиот двобој на дебитантите со победа на тимот од Скопје

Две од екипите кои се дебитанти во Првата машка лига имаа своја пресметка во 2. коло од Првата машка лига (Група 2), а таму гостите успеаја да се изборат за бодовите. Тимот на КЛ 7 славеше против Јехона со 34:27 и дојде до нови три бода.

На оваа средба стартот беше неизвесен. Од првата минута беше интересно, но гостите беа во постојана предност. Ракометарите на Јехона израмнуваа, но не можеа да направат повеќе. Се држеа до 11:11 и во финишот на првиот дел попуштија и на одмор заминаа со шест негатива.

Во вториот дел најмногу што се доближија домашните беа два гола. Имаа 23:25, па 24:26, а потоа одново во завршниот дел од средбата дозволија гостите да направат поголема предност и да дојдат до поголема разлика така што на крајот резултатот беше 27:34.

Со ова КЛ 7 застана на лидерското место на табелата, додека Јехона е без бодови. Во следното коло КЛ7 има дерби дуел против тимот на Аеродром на домашен терен, додека Јехона ќе гостува во Ресен.

ЈЕХОНА – КЛ 7  27:34 (12:18)

Сала: Младост во Гостивар. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ЈЕХОНА: Јонузи, Павлоски, Стрезовски 2, Бошкоски 1, Селмани, Џафери 2, Тасески 6, Костоски 2, Јованоски, Маринкоски, Салиу 4, Ахмети, Николоски 5, Анастасоски 3, Дукоски 2, Илиески.

Седмерци: 7/9, Исклучувања: 14 мин.

КЛ 7: Богдановски, Џигероски 2, Трајковски, Стојков 10, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Ѓорѓиев 2, Петрески, Каковски, Симоноски 6, Василев, Илиески, Павлов 1, Димовски 4, Гучески 8.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.