Прволигашката плеј-оф битка стартува на крај на февруари (ФОТО/РАСПОРЕД)

Осумте екипи кои се натпреваруваат во плеј-оф групата од Првата машка лига веќе влегуваат во завршна фаза од подготовките за вториот дел од сезоната кој треба да стартува на 27 и 28 февруари.

Последниот викенд од февруари ќе биде резервиран за тие средби на кои се очекува да се влезе во силна битка за пласман во Супер машката лига така што ќе биде доста интересно.

До почетокот на пролетната полусезона ќе се знае и каков ќе биде патот до Супер лигата односно дали ќе остане според она што беше познато уште од пред почетокот на сезоната.

Засега тимовите се борат за првото место кое води во бараж за Супер лига со второпласираниот тим од плеј-аут лигата.