Првата лига на Франција ќе се прошири, следната сезона со 16 екипи

Поради проблемите со коронавирусот и неможноста да се играат натпревари наскоро се очекува од Ракометната федерација на Франција да бидат презентирани новитети односно да биде објавено дека најсилната лига ќе биде проширена.

Со оглед на тоа што голем број на клубови ќе имаат и финансиски проблеми ќе се преземат одредени чекори.

„Една одопциите за следната сезона е таа лигата да биде проширена на 16 екипи. Знаеме дека многу клубови се во тешки економски услови, а тие ги губат приходите и спонзорите. За клубовите од дното на табелата ова може да биде последна сезона и мораме да преземеме одредени мерки“, вели Етиен Капон, кој е генерален менаџер на Првата лига на Франција.

Се смета дека со проширувањето на лигата на 16 екипи ќе се добие можност клубовите да преживеат односно ќе им се даде и можност на клубовите кои беа најдобри рангирани во Втората лига да се најдат меѓу прволигашите.