По 50 дена пауза, Радичевиќ и колешките пак на тренинг: Верувам ќе играме два пати на Ф4! (ФОТО)

Доказ за посветеноста на ракометот на екс вардарката Јованка Радичевиќ е фактот што таа едвај чекаше да заврши забраната поради пандемијата и повторно да се врати на тренинзите. После 50 дена пауза ракометарките на Будуќност повторно се активираа.

Екипата ќе тренира до 1 јуни кога повторно ќе следува пауза до почетокот на јули. Тогаш би требало Будуќност да ги започне подготовките за најавениот завршен турнир во Лигата на шампионите во септември чие одржување сè уште е неизвесно.

„Без разлика што сезоната е во неизвесност, ние ќе се подготвуваме. Имам цел, тоа се Олимписките игри и затоа кога одам на тренинзи не размислувам зошто го правам ова. Го сакам ракометот, во крвта ми е. Во изминативе два месеци и како ми одминува кариерата сфаќам дека ракометот ми е сè. Јас сум оптимист, се надевам на завршница на ЛШ во септември и верувам дека во една сезона ќе играме два фајнал-фора. Верувам дека ЕХФ ќе најде начин сè да се одигра, би било штета да не е така“, коментираше Радичевиќ.

Будуќност и сега има одличен тим, а од наредната сезона ќе пристинат уште засилувња меѓу кои се Андреа Лекиќ, Алисон Пино, а многу блиску до враќање е и Итана Грбиќ со што би имале конкурентен тим за највисоки резулати во европските натпреварувања.