По Њокаси, и Бакари Диало кратко ќе заигра за Ал Наџма

Францускиот лев бек Бакари Диало, по заминувањето на Вардар, на кратко ќе заигра за тим од Бахреин.

Станува збор за составот на Ал Наџма, со кој Диало потпиша договор до крајот на месецот, а таму веќе играат близнаците Оливие и Кевин Њокас.

Диало ќе настапи за Ал Наџма на Азиското клупско првенство што ќе се одржи во Индија од 22 до 30 јуни.

Потоа францускиот лев бек би требало да го официјализира трансферот во тимот на Тулуз, со кој беше одамна поврзуван.

Во Вардар, Диало мина само една сезона, и освои двојна круна во Македонија.