По фијаското во Келн, ќе има ремонт во ПСЖ!

Францускиот ПСЖ никако не може да стигне до трофејот во Лигата на шампионите. Ни со Раул Гонзалес на клупата, со Хансен, Карабатиќ, Кристопанс на теренот, претходно ниту со Сагосен, Генсхајмер, Гудјонсен…не успева да се искачи на европскиот трон.

По новата елиминација во полуфиналето во Келн, францускиот „Л’Eкип“ веќе најави дека тимот го очекуваат големи промени во иднина.

Можеби Раул ќе добие уште една шанса од раководството на ПСЖ со оглед на тоа што веќе го продолжи договорот, а големите промени би требало да се случат во летото 2022 година.

Тогаш Хансен заминува во Алборг, Жерар во Сен Рафаел, а уште двајца играч би можеле да си заминат – десниот бек Недим Ремили и десното крило Беноа Конку во Келце. Ова лето на излезна врата е шпанскиот дефанзивец Виран Морос, a левото крило Дилан Наи оди во Келце.

Во 2022 година би требало да има ново голманско дуо во ПСЖ. Прв пик е норвешкиот голман Торнбјорн Бергеруд, кој од Фленсбург ова лето заминува во ГОГ Гудме, но таму ќе биде само една сезона. Вториот чувар на мрежата ќе се бара меѓу Никола Портнер од Шамбери, Андреас Паличка од Рајн Некар, Реми Десбоне од Ним, Весли Парден од Екс…

Левите бекови Александре Калваканти од Нант и Јоан Жибелен од Кретеј се на листата на желби на ПСЖ, како и десните бекови од Ајуб Абди од Тулуз и Доминик Мате од Елверум, исто така се посакувани од Париз. Пикерот на Нант, Драган Пешмалбек, исто така во летото 2022 би можел да се пресели во ПСЖ.

Засега нема никаков потег од раководството на францускиот тим, но наскоро ќе има повеќе информации како ќе излгеда ростерот на тимот и ќе биде интересно да се види дали „новиот“ ПСЖ ќе успее тоа што не можеа со еден куп ѕвезди.