По примерот на ИХФ и ЕХФ и РФМ со работа од дома

Вработените во Ракометната федерација на Македонија ги почитуваат препораките и во моментов обврските ги извршуваат од дома.

Со оглед на тоа што во моментов сите лиги се во пауза и не се одвиваат натпревари, активностите се сведени на минимум така што до поправање на ситуацијата ќе се работи од дома.

Во моментов сите работи се далеку од можност за враќање на терен и продолжување на натпреварите така што и понатаму останува да се види како ќе се одвиваат сите работи.