По пет години, ЧСМ Букурешт продолжува со романски стручен штаб

Тимот на ЧСМ Букурешт, по заминувањето на Швеѓанецот Пер Јохансон, ангажираше нови помошници за тренерот Адриан Василе. По пет години, ова ќе биде првпат во овој клуб да има само Романци во тренерскиот дел.

Поранешното лево крило на ЧСМ – Јулија Цуреа, која ја заврши кариерата, сега ќе биде дел од стручниот штаб на Василе.

Покрај неа, романскиот тим ангажираше и тренер на голмани, Александру Булиган, легендарен репрезентативен чувар на мрежата, кој освен за Романија, бранеше и за Шпанија, па Дениса Деду и Јелена Грубишиќ ќе имаат многу што да научат.

ЧСМ Букурешт е на „чекање“ за место во Лигата на шампионите следната сезона, но скоро сигурно е дека романскиот тим ќе игра во групите.