По десет години се враќа во Љубљана: Екс вардарката Лекиќ потпиша за Крим

Некогашниот европски шампион Крим се чини посакува да се врати на големата сцена. Словенчкиот првак објави дека во клубот доаѓаат две одлични ракометарки.

Станува збор за некогашната вардарка, Андреа Лекиќ, која потпиша договор на една година и за голманката од Бразил, Барбара Аренхарт, која брани во одлична форма оваа сезона во ЛШ.

Српската репрезентативка се враќа во Љубљана по десет години, откако го носеше дресот на Крим од 2007 до 2011 година. Потоа две сезони беше членка на Ѓер, пет играше за Вардар, две за ЧСМ Букурешт, а оваа сезона е ракометарка на Будуќност.

Бразилската репрезентативка Аренхарт се обврза на две годишна верност со Крим, а такви договори потпишаа и црногорската интернационалка Матеа Плетикосиќ и Холанѓанката Харма Ван Креиј.

Оваа сезона на Крим не му оди најдобро во Лигата на шампионите и тешко дека ќе обезбеди место во осминафиналето, иако има да одигра уште три меча од групната фаза.