По двомечот со Ѓорче Петров, две ракометарки на КА Тор завршија во болница!

Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија пласман во третото коло од Европскиот Куп, откако по вчерашното реми, 20-20, вечерва славеа во реванш средбата против исландскиот КА Тор со убедливи 34-23.

Но освен елиминацијата, домашнииот тим го загрижија и повредите на две ракометарки по двомечот со македонскиот првак по кои завршија во болница.

Ирма Јонсдотир ја скрши раката во текот на првото полувреме од првиот натпревар, додека Ана Халдорсдотир падна незгодно на грбот при еден контранапад.

Медицинската екипа во Акурејри имаше многу работа и двете ракометарки на КА Тор мораа да бидат транспортирани во болница.

Ѓорче Петров слави – „лавиците“ го нокаутираа КА Тор и обезбедија трето коло во Европскиот Куп!