По вардаровата авантура се враќа во Франција – Шеваљевиќ има нов клуб

Капитенот на репрезентацијата на Црна Гора, Васко Шеваљевиќ, по само една полусезона си замина од Вардар.

Тој се враќа во Франција и во следните две сезони ќе го носи дресот на тимот што обезбеди место во елитната конкуренција, Саран Луаре.

Шеваљевиќ имаше договор на уште една година со Вардар, но тој не беше одработен до крај и левиот бек веднаш најде нов клуб.

Црногорецот играше за матичниот Ловќен, беше член на Портланд Сан Антонио, белорускиот Динамо Минск, германскиот Хановер, како и француските Тулуз, Трембле и Истр.