Почнаа контролите пред СП: Белорусија го надигра Бахреин

Со пријателскиот натпревар меѓу Белорусија и Бахреин стартуваа контролите пред Мундијалот во јануари.

Селекцијата на Белорусија успеа да го надигра Бахреин со 33:28 (20:14). Во вторник двете репрезентации ќе го одиграат вториот контролен натпревар.

За потсетување, селекцијата на Белорусија нема да учествува на Мундијалот поради санкциите од ИХФ.

Бахреин на СП ќе игра во групата Х заедно со селекциите на Данска, Белгија и Тунис.

Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на Светското првенство.