Пофалби од Ортега: Кузмановски остави одличен впечаток

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски го имаше дебито за новиот клуб од Бундес лигата, Хановер.

Кузмановски настапи на првиот пријателски натпревар на Ханвоер пред стартот на новата сезона, кој беше подобар од Хамбург со 42-27.

Левиот бек беше најдобар стрелец со осум погодоци, а по мечот доби комплименти од тренерот Ортега.

„Задоволен сум од тоа како одигравме. Двете нови засилувања, меѓу кои и Кузмановски оставија одличен впечаток и веќе се вклопија во тимот“, изјави Ортега.

Македонецот ќе има шанса да ги докаже своите квалитети и на средбите против Лемго, Либек Швартау, Магдебург и уште една против Хамбург.