После Циндриќ уште еден играч на Келце се сели во Барселона

Медиумите од Барселона најавуваат уште еден трансфер на релација Келце – Барселона, а истиот би требало да се случи на крајот од оваа сезона. Во јуни 2020 година од Келце кон Каталонија би требало да се упати репрезентативецот на Словенија, Блаж Јанц.

Барселона бара замена за капитенот Виктор Томас, а Јанц е играч кој може да одговори на нивните потреби. Се работи за еден од најдобрите ракометари на позицијата десно крило и веќе полека го покажува тоа и на теренот на натпреварите за Келце особено во Лигата на шампионите.

Доколку се оствари овој трансфер тогаш Барселона ќе има одличен тандем на десно крило бидејќи таму е и Алеиш Гомез, па тие со Јанц би претставувале одлична двојка на оваа позицјиа.

Инаку, ако се оствари трансферот тогаш ова ќе биде втор трансфер на релација Келце-Барселона откако летово таму пристигна поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Лука Циндриќ.