Последни проверки пред стартот на новата сезона, Вардар славеше над Чаир

Женските клубови ги одигруваат последните пријателски натпревари пред стартот на новата сезона следниот викенд.

Тимот на Вардар славеше против Чаир со 30-26, во натпревар меѓу двата македонски претставници во Европскиот Куп.

Избраничките на Драгана Ристова водеа и на полувреме со пет погодоци, 19-14, а во вториот дел само ја задржаа предноста.

Вардар оваа сезона ќе биде дел од групата Б и ќе игра со Стружанка, Ѓорче Петров, Металург, Овче Поле СУ, Астибо и Спартак, додека Чаир ќе игра во групата А заедно со Феникс, Шампион, Пелистер, Кузман Вардар, Деспина, Гевгелија и Куманово.