Последен репрезентативен танц за Гоце Георгиевски

Мечот против Турција во квалификациите за ЕП 2024 година, ќе биде последен за Македонија во овој циклус, но последен и за десното крило Гоце Гоергиевски.

Харизматичниот Георгиевски, секогаш професионалец на и надвор од теренот ќе го одигра последниот натпревар во репрезентацијата и за последен пат ќе ја испее химната во националниот дрес.

Членот на Вардар дебитираше за репрезентацијата пред 16 години, кога Илија Темелковски му даде шанса на „Трофеј Карпати“ во Романија.

Во долгата репрезентативната кариера Георгиевски играше на сите ЕП од 2012 до 2022, како и на сите СП од 2013 до 2023, како и на квалификациите за ОИ 2012 и ОИ 2016.

Според неофицијалната статистика, популарниот Џомба има одиграно 120 натпревари и постигнато 280 голови во дресот на Македонија, но сигурно се многу повеќе.