Последен вардаров танц за Чупиќ, Дисингер, Калараш, Кизиќ…

Ракометарите на Вардар денеска го играат реванш натпреварот од осминафиналето на регионалната СЕХА лига против Металопластика, а тоа ќе биде последен натпревар оваа сезона.

Не само што ќе биде последен оваа сезона, ќе биде последен и за најмалку осуммина ракометари во „црвено-црните“ и тренерот Стевче Алушовски.

Заминуваат Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Ловро Јотиќ, Кристијан Дисингер, Марко Кизиќ, Васко Шеваљевиќ, Јосип Векиќ и Робен Кантегрел.

Натпреварот меѓу Вардар и Металопластика се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 16:00 часот.