Порто и Митревски покажаа моќ против Калман, Мораес, Ѓорѓиќ…

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски победи против Бенфика со 29:24 во полуфиналето од Супер купот на Португалија ќе се бори за првиот трофеј.

Митревски и соиграчите има послабо издание во првото полувреме и дозволија противникот да замине на одмор со предност од 12:10. Сепак во вториот дел Порто заигра поквалитетно и на крајот стигна до сигурна победа.

Никола Митревски уште еднаш придонесе за триумфот на својот тим. Најефикасен во победничкиот тим беше Фабио Магалаеш со пет погодоци, додека по четири гола постигнаа Слишковиќ и Алвеш.

За Бенфика играа новите засилувања – Јонас Калман, кој даде три гола и Рожерио Мораес, кој беше стрелец на два погодока, а најдобар поединец во поразениот тим беше Петар Ѓорѓиќ со пет гола.

Во финалето Порто за противник ќе ја има екипата на Спортинг која во првото полуфинале славеше против Агуас Сантас со 35:30. Финалето се игра во недела со почеток 18:00 часот кога ќе биде познат првиот освојувач на трофеј сезонава.