Поранешна вардарка стави крај на играчката кариера

Една од поранешните ракометарки на Вардар одлучи да стави крај на својата кариера во 33. година од животот откако се реши вторпат да стане мајка. Сања Вујовиќ, која порано се презиваше Дамњановиќ се повчекува од играњето така што ќе се посвети на семејството.

Таа за медиумите во Србија вели дека одлуката ја донела заедно со нејзиниот сопруг исто така поранешен играч на Вардар, Стеван Вујовиќ, инаку актуелен ракометар на Мотор Запорожје.

Дамњановиќ вели дека минатата година била разделена од сопругот кој играше во Запорожје, а таа во Подгорица. Самата одалеченост паднала најтешко на нивниот син Виктор, па затоа откако Стеван го продолжил договорот со Мотор одлучиле да го прошират семејството.

Ова значи дека една од најдобрите ракометарки кои Србија ги има и во својата кариера има и трофеи од големите натпреварувања. На Мундијалот во Бразил освои сребрен медал, а дресот на Вардар го носеше од 2015 до 2017 година.