Поранешна вардарка нов капитен на Русија

Ракометарката која го носи дресот на Лада Тољати, а пред неколку години беше во дресот на Вардар, Олга Фомина (порано Черноиваненко) е новиот капитен на репрезентацијата на Русија.

Со поставувањето на Људмила Бодниева за селектор на Русинките, дојде и до смена на носителката на капитенската лента.

Фомина е една од најискусните во репрезентацијата и ракометарка која има долг стаж во Русија. Таа ќе биде предводник на теренот во иднина, а ова е само уште еден доказ колку квалитетни ракометарки го носеле дресот на Вардар во минатото.

Во својата кариера Фомина има сребрен медал од Олимписките игри во Токи, а има и бронза од Мундијалот кој беше одржан во 2019 година. Својот прв натпревар како капитен ќе го има на 6 октомври во квалификациите за ЕП 2022, а Русија е домаќин на Швајцарија.