Поранешен ракометар на Пелистер потпиша за Бидасоа

Поранешниот ракометар на Пелистер, Михајло Митиќ, кој во сезона 2017/18 настапуваше за битолскиот клуб, од наредната сезона ќе го носи дресот на еден од најдобрите клубови во Шпанија, Бидасоа Ирун.

Десниот бек од Србија со Бидасоа потпиша договор на една година со можност за продолжување на истиот.

Веста за неговиот трансфер во шпанскиот клуб беше официјално соопштена преку клупската страна на Бидасоа.

Митиќ моментално настапува за Пуентe Хенил, клуб кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање во Асобал лигата.

Во својата кариера беше дел и од екипите на Железничар Ниш, чешкиот Плзен и шпанскиот Кањас.