Поранешен голман на Прилеп и Пелистер се врати во Израел

Поранешниот голман на Прилеп и Пелистер, Милош Рајичиќ повторно се враќа во Израел и во продолжението од сезоната ќе го брани голот на Нес Зиона.

Искусниот голман, кој има 31 година, во шампионатот на Израел прави камбек бидејќи таму имаше забележано настапи за екипите на Макаби Димона и Хапоел Ашдод. Рајичиќ во својата кариера настапуваше и за Металопластика и Нови Пазар од Србија.

Екипата на Нес Зиона освен Рајичиќ како ново засилување го ангажираше и ракометарот од Украина, Григориј Семенченко. Украинецот во израелската екипа ќе ја засили конкуренцијата на позицијата лев бек.

Нес Зиона не забележа добри настапи во регуларниот дел од сезоната и поради тоа мораше да се пресели во плеј-аут фазата од најквалитетното натпреварување во Израел. Со новите засилувања, раководството на клубот очекува подобри резултати во иднина.