„Поради презимето Зорман сите мислат дека парите се фрлаат низ прозор, ама…“

Тренерот на словенечкиот тим Тримо Требње, Урош Зорман за словенечката „Екипа“ ја коментиреаше неодамна завршената сезона во која неговиот тим оствари одличен успех.

Тримо Требње сезоната ја заврши на втората позиција пред Целје, a зад Горење и ракометарите и стручниот штаб покажаа дека вложувањето во клубот, а особено во тренерот вреди.

„Тримо постигна историски успех со пласманот на второто место во Словенија. Сакаме уште поголеми успеси во иднина и сите зборуваат за амбициозниот Тримо Требње. И покрај тоа ние и понатаму сме третти или четвртти клуб според буџетот. Заради презимето Зорман луѓето мислат дека парите се фрлаат низ прозор, но не е така. Со најмал буџет од првит три направивме добра приказна, а имаме и светла иднина. Вистина е се најавуваат засилувања немаме многу играчи, ќе треба да донесеме нови. Но повторно и ова не значи дека ќе ги фрламе парите, се е во нормални граници според нашиот буџет“, изјави Зорман за ekipa.svet24.si.

После седум годишна доминација на Целје, сезонава Горење Велење успеа да ја прекине доминацијата и стана шампион. Исто така и Тримо Требње на крајот беше пред Целје и во следнате сезона сигурно претстои голема борба за шампионската титула во Словенија.