Поради „корона вирусот“ Лига на шампиони во Данска без публика

Натпреварите од eвропските купови кои викендов треба да се одиграат во Данска ќе бидат без присуство на публика. Се работиза еден мечво Лигата на шампионите и два во Купот на ЕХФ. Причината е во Купот на ЕХФ и во забраната од страна на Владата на Данска која даде забрана за организација на настани на кои има 1000 или повеќе гледачи.

Средбите на домашна сцена се веќе одложени, но затоа нема одлагање на оние натпревари на меѓународна. Таму ќе се игра, но нема да има публика.

Според тоа в недела средбата од Лигата на шампионите меѓу Есбјерг и Мец ќе можеда се следи само преку директен пренос.

Има уште две средби во Купот на ЕХФ, а и тие исто така се играат в недела. Од 15 часот Одензе ќе игра против Лада, додека од 15:30 часот Хернинг Икас ќе игра против Глорија Бистрица.

Засега ова е единствената мерка преземена за тимовите кои играат во европските купови, а ситуацијата се следи и понатаму така што секојдневно може да има слична ситуација и со други натпревари.