Поради конфликт за шкафче во соблекувална – му плаќа огромна оштета на соиграчот што го нападнал!

Романецот Дан Савенко кој настапува во екипата на Динамо Букурешт, во кризниот период поради коронавирусот работеше како полицаец. Тој кога настапуваше во дресот на ЧСМ Букурешт имаше конфликт со соиграчот Дорин Драгнеа.

Савенко сè уште му плаќа оштета на Драгнеа за нанесените повреди. Во 2012 година по еден натпревар, Драгнеа се пожалил дека бил нападнат од двајца соиграчи во соблекувалната. Тој облеан во крв побарал интервенција од брзата помош, а подоцна го тужел Савенко барајќи огромна оштета.

„Имавме расправија во соблекувалната, тоа беше заради шкафчето не беше ништо лично. Тој со сигурност го знае тоа. Сè уште морам да плаќам голема сума на пари, исто како да издржувам трето дете“, рече Савенко за gsp.ro.

После четири години судот одлучи во корист на нападнатиот ракометар, а оштетата што ја бараше Драгнеа вклучуваше и паричен износ за пластична операција на вилицата што Савенко ја плаќа и ден денес.

Драгнеа после инцидентот го прекина договорот со ЧСМ Букурешт со објаснување дека повеќе не може да го гледа лицето кое го нападнало. Но нивната пресметка не заврши тука, после само неколку месеци тие се сретнаа повторно на теренот но како противници во различни екипи. Савенко му нанесе уште една повреда на Драгнеа овој пат во игра за време на натпреварот. Тој со лакт му зададе удар во главата после што мораше да интервенира лекарскиот тим на натпреварт за да ја сошие раната на Драгнеа кој го крајот на мечот играше со преврзана глава.