Попуштија нервите – Место кај своите, отиде кај противничките ракометарки на тајм-аут (ВИДЕО)

На натпреварот од првенството на Данска меѓу екипите на Одензе и Копенхаген во финишот од средбата попуштија нервите кај тренерот на гостинките, па реши да истера своја правда така што место кај своите ракометарки тргна кај противничките на тајм-аутот.

Причината за оваа фрустрација беше резултатот од 27:24 во корист на домашните и тајм-аутот кој на 23 секунди до крајот го побара тренерот на Одензе, Улрик Киркелу. Поради ова неговиот колега од Копенхаген, Клаус Могенсен очигледно сакаше да се пресмета.

„Зедов тајм-аут бидејќи сум фокусиран на мојот тим. Често се случува да сме во вакви ситуации и да нѝ е важно да постигнеме гол бидејќи во првенството е важна и гол разликата“, вели тренерот на Одензе.

За среќа немаше ништо посериозно бидејќи Могенсен стигна до противничките ракометарки, веројатно ги исфрли фрустрациите со кратка вербална комуникација и потоа се врати кај своите ракометарки.

Видеото од овој момент можете да го погледнете на следниот ЛИНК.