Поповски без грешка, Цирих со нов триумф

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски и екипата на Цирих се израдуваа на нова победа во шампионатот на Швајцарија, откако на свој терен беа убедливи против составот на Сент Гален со 32:22.

Поповски беше клучен играч во својот тим. Поранешниот ракометар на Вардар, Пролет и Текстилец, беше најефикасен на средбата против Сент Гален со седум постигнати гола од седум обиди.

Екипата на Цирих со новите освоени бодови има големи шанси да се бори за освојување на второто место на табелата. Во претходните натпревари, Цирих забележа четири победи и три порази.

Моментално, екипата на Поповски се наоѓа на 4. позиција со осум бодови. Следен предизвик за Цирих е натпреварот со Тун.