Поповски без грешка, Цирих ги грабна бодовите кај Сент Гален

Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, забележа победа во 13 коло од швајцарскиот шампионат.

Цирих славеше на незгодното гостување кај составот на Сент Гален со 33-28, иако на полувремето беше 16-16.

Македонското десно крило стрелаше четири пати од четири обиди и има големи заслуги за убедливиот триумф.

Цирих сега има 15 бодови на четвртото место, но и натпревар помалку, а следен предизвик за Поповски и неговиот тим ќе биде домашниот меч со Берн Мури.