Помината ноќ на земја во аеродром, карантин, три авиони, 20 часа возење со автомобил…и на крај дома!

Најдобрата ракометарка во светот во 2012 година, Бразилката Александра до Насименто имаше многу проблеми поради коронавирусот да се врати во Бразил од Европа.

Таа со сопругот на крајот на март заминала на одмор во Шпанија, а додека биле таму, почнаа да се затвораат аеродроми и граници. По враќањето на аеродромот во Унгарија, сакале да ги вратат назад од каде што дошле, иако имале работна дозвола.

„Кога стигнавме во Унгарија не можевме да го напуштиме аеродромот. Моравме таму да ја поминеме ноќта, но не спиевме во хотел туку на земја“, рече До Насименто за „Немзети Спорт“.

Откако по еден ден добиле дозвола да влезат на унгарска територија, биле три седмици во карантин, но сега прашањето било како да заминат во татковината. Некако успеале да најдат конекции со три прелети до Сао Паоло.

Оттаму девет часа возеле до Еспирито Санто, каде што живее мајката на До Насименто, а потоа уште 11 часа до Гулау. Таму Бразилката ја донела одлуката да игра уште една сезона и да ја продолжи кариерата, пред да се посвети на семејството.

„Сакав да престанам да играм, не затоа што не уживам на тренинзите и натпреварите туку затоа што сакам да станам мајка. Мојот сопруг играше во Шпанија десет години и сакавме таму да се преселивме, но коронавирусот не премисли. Одлучивме да играм уште една сезона, а бебето да почека. Мојот сон е да играм на Олимписките игри во Токио, а после игрите дефинитивно ја завршувам кариерата“ објасни Александра.

Насименто минатата сезона играше за унгарски Ерд, но иако планираше крај на кариерата, сепак ќе продолжи да игра за францускиот Бур Де Пеж.