Полициски час го смени терминот на дуелот меѓу Тулуз и Металург!

Поради корона-хаосот што владее во Франција, а особено во градот Тулуз, таму е воведен полициски час, како и во уште седум француски града.

Оваа мерка беше причина да се промени и терминот на натпреварот меѓу Тулуз и тимот на Металург, кој беше закажан во 20:45 часот.

Затоа ЕХФ, во координација со домаќинот, реши да го промени терминот и овој натпревар ќе се одигра утре од 18:45 часот.

Полицискиот час трае од 21:00 до 06:00 часот наутро.