Познат распоредот: Македонија тргнува со Норвешка, сите натпревари во централниот термин!

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата Ф во „Таурон Арена“ во Краков против Норвешка, Аргентина и Холандија.

Според првичниот распоред, кој допрва треба да биде потврден од страна на ИХФ, Македонија во првото коло ќе се сретне со Норвешка на 13 јануари.

Два дена подоцна ќе биде средбата со Холандија, додека групната фаза ќе ја завршиме со дуел против Аргентина на 17 јануари.

Сите натпревари на Македонија ќе почнат од 20:30 часот, но со оглед на тоа што и Норвешка е во нашата група, нема да биде изненадување ако тие ги добијат сите централни термини.

Светско првенство, распоред, група Г:

13 јануари, 20:30 часот, Македонија – Норвешка
15 јануари, 20:30 часот, Македонија – Холандија
17 јануари, 20:30 часот, Македонија – Аргентина

Македонија ќе игра во Полска, доби тешка група на Мундијалот!