Македонија ќе игра во Полска, доби тешка група на Мундијалот!

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство во 2023 во Полска и Шведска.

Македонија ќе игра во групата Ф што ќе се игра во Краков со силната Норвешка, како и незгодните Аргентина и Холандија.

Првите три репрезентации од групата ќе се пласираат во главната рунда на Мундијалот, каде што ќе вкрстат со три селекции од групата Е, во која се Германија, Катар, Србија и петтопласираната селекција од Африка.

Светското првенство ќе се игра во четири полски града – Краков, Катовице, Гдањск и Плоцк, како и во пет шведски града – Малме, Јончопинг, Гетеборг, Кристијанштад и Стокхолм од 11 до 29 јануари.