ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ: Дамите тргнуваат против Турција, завршуваат со Португалија

Женската сениорска репрезентација на Македонија го дозна својот распоред за настап на Медитеранските игри, кои ќе се играат од 25 јуни во алжирскиот град Оран.

Репрезентацијата на Македонија, која на Медитеранските игри ќе настапи со подмладен состав, без најискусните, првиот натпревар ќе го одигра на 30 јуни, а противник ќе биде селекцијата на Турција.

Избраничките на Љубомир Савевски по натпреварот со Турција ќе треба да одиграат уште два дуели од групната фаза против Србија, односно Португалија.

Медитерански игри, жени, Група Б, распоред на натпревари:

30/06 11:00 часот, Македонија – Турција

01/07, 13:00 часот, Македонија – Србија

02/07, 13:00 часот, Португалија – Македонија

Во групата А ќе играат репрезентациите на Шпанија, Тунис, Хрватска и Алжир. Првите две репрезентации од А и Б групата ќе обезбедат место во полуфиналето.

Савевски со 18 ракометарки на Медитеранските игри, најискусните добија поштеда