Савевски со 18 ракометарки на Медитеранските игри, најискусните добија поштеда

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави скратениот список на ракометарки со кои ќе настапи на Медитеранските игри.

Овојпат Савевски се одлучи да ги поштеди најискусните и да им даде шанса на помладите. Во составот ќе ги нема Сара Ристовска, Јована Саздовска, Марија Штериова и Моника Јанеска.

Собирот на ракоемтарките ќе биде на 13. јуни во 12:30 часот во хотел Карпош во Скопје.