Познат распоредот во СЕХА: Вардар стартува на 1 февруари догодина, битолчани дома против Металопластика

Новата сезона во СЕХА лигата започнува денеска со дуелот меѓу Нексе и Војводина, а македонските претставници ќе стартуваат во различни термини.

Еурофарм ќе игра против Металопластика Шабац, и тоа ќе биде единствен нивен натпревар оваа година, додека останатите пет средби ќе играат во 2021 година. Вардар ќе почне на 1 февруари 2021 година со домашен натпревар против Нексе Нашице, а ќе има мечеви и во март и април догодина.

Според пропозициите екипите се поделени во две групи и ќе одиграат по шест меча во регуларниот дел. Потоа во зависност од пласманот во групата се играат елиминации во осминафиналето.

Првопласираните две екипи од групите се директно пласирани во четвртфинале, а оние на 3 и 4 место ќе играат во осминафиналето. Потоа се игра четвртфинале каде се приклучуваат Мешков Брест и Веспрем. Вардар е во група со екипите на Нексе, Мотор Запорожје и Војводина, додека Еурофарм Пелистер е со Загреб, Татран и Металопластика.

Календар за СЕХА лига, сезона 2020/2021:

21.12.2020 Еурофарм Пелистер – Металопластика
01.02.2021 Вардар – Нексе Нашице
06.02.2021 Загреб – Еурофарм Пелистер
13.02.2021 Мотор Запорожје – Вардар
26.02.2021 Еурофарм Пелистер – Татран Прешов
28.02.2021 Војводина – Вардар
17.03.2021 Металопластика – Еурофарм Пелистер
19.03.2021 Вардар – Мотор Запорожје
24.03.2021 Нексе Нашице – Вардар
25.03.2021 Еурофарм Пелистер – Загреб
03.04.2021 Татран Прешов – Еурофарм Пелистер
04.04.2021 Вардар – Војводина

10/11.04.2021 осминафинале, прв меч
14/15.04.2021 осминафинале, втор меч

04/05.05.2021 четвртфинале, прв меч 
14/15.05.2021 четвртфинале, втор меч 

Мечевите од полуфиналето и за Ф4 турнирот дополнително ќе бидат објавени.